Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, набрзо може да го добие првото зимско засилување, најавија медиумите во Шпанија.
Имено, Каталонците имаат реални шанси да го ангажираат бразилскиот играч Матеус Фернандез кој настапува во средниот ред на Палмеирас. Веста ја пренесоа и дел од бразилски медиуми. Наводно, Шпанците три години ги следеле настапите на младиот играч и процениле дека е време да го донесат на „Камп Ноу“.
Трансферната сума ќе биде 7 милиони евра, плус дополнителни 4 во форма на бонуси . Проблем во целата ситуација може да биде фактот дека Палмеирас има 75% од правата на 21-годишниот играч додека другиот процент е во сопственост на неговиот поранешен клуб, Ботафого.