Шпанскиот фудбалски состав Барселона планира да купи дефанзивен фудбалер и тоа на левата бековска позиција на која настапува само Жорди Алба.
Според медиумите на Пиринеите, во радарот на Kаталонците влегува играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој може да добие понуда да се пресели на „Камп Ноу“. Трансферната вредност на 27-годишниот репрезентативец на Австрија се проценува на околу 55 милиони евра што не би требало да претставува проблем за шампионот на Примера Дивизион.
Алаба кој ги помина сите категории во редовите на Баварците пред да дојде до сениорскиот состав, има активен договор до летото во 2021 година