Барса остана без искусниот напаѓач

0

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, кој беше подложен на операција на менискусот, ќе мора да паузира четири месеци, објави денеска шпанскиот состав. Тоа значи дека фудбалскиот репрезентативец на Уругвај ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната.

„Луис Суарез денеска беше артроскопски опериран од доктор, Рамон Кугат, со што беше решен неговиот проблем со екстерниот менискус на десното колено. Проблемот е решен а периодот за рехабилитација ќе бидечетири месеци“ – стои во соопштението на Каталонците.

Суарез кој во тековнава сезона има одиграно 23 меча во сите конкуренции, има постигнато 14 голови.

Share.

Leave A Reply