Барса и Роберто во „љубов“ до 2022 година

0

Барселона денеска објави дека Серхи Роберто ставил потпис на нов 4-годишен договор со каталонците кој добил и неверојатна клаузула за предвремен раскин на истиот со отштета во висина од 440 милиони фунти. Тоа е највисоката сума за отштета за некој фудбалер на Барселона, по онаа на Лионел Меси.

За Роберто се зборуваше дека е на мета на Челзи и Јувентус, кои посакуваа да го добијат фудбалерот во своите редови. Сепак, играчот се договорил со каталонците за продолжение на договорот до јуни 2022 година.

Share.

Leave A Reply