Барселона го загуби Осман Дембеле за околу 2 недели, по повредата во натпреварот против Легањес кој со играше синоќа.
Французинот се запиша во листата на стрелци при победата од 3:1, но во текот на второто полувреме заработи повреда на зглобот и денес од клубот потврдија дека нема да игра во следните 15 дена.
Повредата доаѓа во лош момент, бидејќи Дембеле се наоѓаше во многу добра форма, но сега нема да биде на располагање на Ернесто Валверде за натпреварите со Севиља за Купот на кралот и за дуелот со Џирона од првенството.
Во најдобар случај ќе се врати за натпреварот со Валенсија на крајот на наредната недела, но има веројатност да не може да земе учество и во дуелот со Валенсија. 21-годишниот Дембеле има постигнато 13 гола оваа сезона, но сега ќе мора да пропушти неколку дуели на тимот.