Голманот Марк-Андре тер Штеген, играчот за врска Филипе Кутињо и капитенот на тимот, Лионел Меси ќе го пропуштат мечот со Ференцварош во 5. Коло од Лигата на шампиони. Одлука ја донел главниот тренер на каталонците, Роналд Куман, кој смета дека на играчите им треба одмор.
Натпреварот Ференцварош – Барселона ќе се одигра утре во Будимпешта. Барселона е лидер во групата „Г“со 12 бода и веќе си обезбеди место во нокаут фазата.