Барселона и Тер Штеген пред продолжување на соработката

0

Преговорите на Барселона со голманот Марк Андре тер Штеген напредуваат и двете страни се блиску до продолжување на договорот, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Според истиот извор, новиот договор ќе биде со важност до 2025 година. Претходно беше објавено дека Тер Штеген сака да добие 18 милиони евра годишно како нето плата според новиот договор. 27-годишниот Тер Штеген се пресели во Барселона летото 2014 година од Борусија Менхенгладбах. Сумата на трансферот беше 12 милиони евра.

Оваа сезона голманот беше на голот на својата екипа на 26 натпревари во Ла Лига и прими 29 гола. Тековниот договор на голманот на германската репрезентација со Барселона се е со важност до јуни 2022 година.

Share.

Leave A Reply