Каталонскиот весник – „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги ангажира Давид Алаба и Пол Погба.
Репрезентативецот на Австрија влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен и најверојатно нема да го продолжи. Во исто време и Французинот во редовите на Манчестер Јунајтед не може да најде заеднички јазик со челниците на тимот за продолжување на соработката.
Според наведеното, Барселона сака да го ангажира и поранешниот играч на Реал Мадрид, Ди Марија, кој сега ги брани боите на францускиот ПСЖ.