Барселона ја одбила понудата на Манчестер Јунајтед да го купи напаѓачот Ансу Фати, пренесуваат медиумите во Шпанија, повикувајќи се на радиото „Каталуња“.
Во информацијата се вели дека каталонскиот клуб во текот на летото одбил да го продаде играчот за 150 милиони евра. После тоа, износот на обештетувањето во договорот за младиот напаѓач се зголеми од 170 милиони на 400 милиони евра. Фати е играч кој потекнува од школата на Барселона. Минатата сезона тој учествуваше на 24 натпревари од шпанскиот шампионат (11 – во првиот тим), на кои постигна седум погодоци, даде една асистенција и доби два жолти и еден црвен картон.
Договорот на играчот со клубот важи до летото 2022 година. На првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига, Фати постигна два гола против Виљареал.