Барселона официјално го ангажираше Јери Мина

0

Помалку од една недела помина од доаѓањето на Филип Котињо од Ливерпул на „Камп Ноу“, а Барселона го најави трансферот на вториот Јужно Американец.

Каталонците, преку нивната официјална веб-страница, објавија дека е постигнат договор со Палмеирас за колумбиецот Јери Мина.

Трансферот е со вредност од 11,8 милиони евра, а 23-годишниот централен дефанзивец потпиша договор до 30 јуни 2023 година. Договорот на Мира со Барса има откупна клаузула од 100 милиони евра. Првичниот договор меѓу Барселона и Палмеирас беше да се пресели Јери Мина во лето за 9 милиони евра, но каталонците беа принудени да брзаат поради претстојното заминување на Хавиер Маскерано.

Јери Мина има девет натпревари и три гола за репрезентацијата на Колумбија. Тој дојде во Палмеирас во 2016 година и во својата прва сезона во клубот ја освои титулата во шампионатот и беше дел од идеалниот тим на годината.

Share.

Leave A Reply