Барселона размислува за договор со ПСЖ за да ја врати бразилската sвезда Нејмар на „Камп Ноу“, пренесува „Скај Спортс“.
Во Барселона се надеваат дека ќе се договорат за повратен трансфер на Нејмар за 150 милиони евра, бидејќи 2/3 од сумата нема да бидат платени, а во ПСЖ ќе биде испратен Антоан Гризман, кој Каталонците го проценуваат на 100 милиони евра. Друга главна цел за Каталонците е аргентинскиот напаѓач од Интер Лаутаро Мартинез.
Доколку не успеат да се договорат со ПСЖ, тогаш Барселона ќе бара друг купувач за Гризман, а зделката со толку висока цена се чини многу малку веројатна ова лето поради пандемијата на коронавирусот.
Во текот на оваа недела во Барселона отворено признаа дека имаат проблем со парите, а тоа резултираше со намалување на платите на играчите за 70%.