Барселона, сепак, без Суарез во финалето на Купот

0

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, сепак ќе го пропушти финалето на шпанскиот куп со Алавес. Како што објавија медиумите, фудбалерот кој беше исклучен на реванш средбата од полуфиналето против екипата на Атлетико (М) ќе мора да паузира за финалниот меч.

Барселона поднесе жалба на суспензијата, но од дисциплинската комисија на шпанската федерација истата ја отфрлија. Покрај тоа, напаѓачот доби и парична казна од 600 евра, поради тоа што одбил да ги следи прописите за движење кон соблекувалните.

Share.

Leave A Reply