Барселона, сепак, преговарала со Гризман без да знае Атлетико (М)

0

Шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ објави e-mail пораки меѓу Антоан Гризман и луѓе од Барселона, кои му одат во прилог на Атлетико (М), кој тврди дека каталонците ги прекршиле правилата и преговарале со нивниот фудбалер уште во текот на минатата сезона.

Барса го купи Французинот ова лето со исплата на откупната клаузула од 120 милиони евра, но челниците на Атлетико од првиот ден тврдеа дека каталонците дејствувале од корист и преговарале со играчот кон средината на минатата сезоната.

„Ел Мундо“ објави пораки разменети меѓу Гризман, неговата сестра, адвокатот и менаџерот, кои покажуваат како ти се согласиле со Барселона да добијат премија од 14 милиони евра за потпишување на договор во лето.

 

Share.

Leave A Reply