КК Барселона синоќа организираше специјална прослава за легендата на овој кошаркарски клуб, Хуан Карлос Наваро, кој замина во пензија. Кошаркарот кој практично целата кариера ја помина во каталонскиот клуб, на 17 август и официјално го најави своето пензионирање.
38-годишниот кошаркар доби грандиозна вечер во која клубот му се заблагодари за се што направи за Барселона во својата кариера. Наваро и по завршувањето на кариерата ќе остане во клубот, но останува да се види на која функција.