Светскиот шампион во скок во височина на отворено од Лондон 2017, Мутаз Есса Баршим, ќе се појави на митингот од Дијамантската лига во Јуџин на 25 и 26 мај.
Атлтеичарот од Катар засега го држи рекордот со прескокнати 2.41 метар. Неговиот личен рекорд 2.43 метри му овозможува да го држи второто место на светската ранг-листа. Таму пред него е планетарниот рекордер, Хавиер Сотомајор.
Во Јуџин ќе се појави и Русинот, Данил Лисенко, кој неодамна ја освои титулата во Светски куп во Бирмингем. Лисенко во 2017-та со наполнети само 19 години, го освои сребрениот медал на Светскиот шампионат во Лондон . Честа на домашните атлетичари во Јуџин ќе ја брани Ерик Кинард кој има сребрен медал од ЛОИ во Лондон во 2012 година.