Барти: треба да внимавам и на мојот тим

0

Ешли Барти која ја има челната позиција на ВТА листата не знае дали ќе учествува на Отвореното првенство на САД кое е предвидено да се реализира во терминот од 24 август до 3 септември. Тенисерката  од Австралија вели дека во периодот кога има пандемија со корона-вирусот,  треба внимателно да се донесат одлуките.

„Возбудливо е што повторно зборуваме за тенис и што работите се движат во вистинската насока за играчите кои сакаат повторно да започнат да се натпреваруваат. Но, пред да донесам одлука за УС Опен и турнирите пред тоа, треба да имам целосни информации и да ги прочитам советите на ВТА“ –изјави победничката на Ролан Гарос за„ Хералд “.

Барти дополни дека мора да ја земе в предвид не само сопствената безбедност, туку и на луѓето кои се ангажирани во нејзиниот тим.

Share.

Leave A Reply