Бартомеу потврди: Валверде останува и следната сезона

0

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, изјави дека Ернесто Валверде ќе остане тренер на тимот и наредната сезона.

Валверде ги донесе каталонците до титулата во шпанскиот шампионат, но испадна во полуфиналето во Лигата на Шампионите од Ливерпул и синоќа не успеа да го освои шпанскиот куп.

„Валверде има договор и тој е нашиот тренер. Овој пораз не е негова грешка. Имавме многу шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот на противникот. Тоа се случува понекогаш, но во фудбалот се бројат головите. Не би ја оценил оваа сезона како неуспех, но сигурно не е и одличена“, изјавил Бартомеу.

Share.

Leave A Reply