Барзали и Кијелини нема да си одат од Торино

0

Фудбалерите на Јувентус, Андреа Барзали и Џорџо Кијелини, набрзо може да потпишат нови договори и да го продолжат престојот во Торино, објавија денеска медиумите во Италија.

Според наведеното, на двајцата фудбалери тековните договори им истекуваат во текот на летото, но, тие се подготвени да останат и понатаму во редовите на „Старата дама“ и немаат намера да си заминат. „Тутоспорт“ наведува дека тоа ќе се случи во наредните денови и дека се ќе биде објавено на официјална средба со новинарите.

Кијелини изјави дека има желба да се пензионира токму кај „црно-белите“ а истиот случај е и со Барзали кој има полни 36 години и кој најверојатно ќе добие нов договор за само една сезона.

 

Share.

Leave A Reply