Батлер не сака да се премислува

0

Кошаркарот на Минесота, Џими Батлер, нема да ја промени одлуката и ќе го напушти НБА тимот иако Том Тибодо се обидел да го убеди да остане.

Тренерот вчера се сретнал со Батлер за да го замоли да се врати во составот, но, тој не сакал да се премисли и изјавил дека не сака да игра повеќе за Минесота. „ESPN“, тврди, дека Батлер нема апсолутно никава желба да тренира заедно со соиграчите а уште помалку да игра натпревари за  „шумските волци“.

Поранешниот играч на Чикаго дури им посочил на сопствениците дека е подобра варијанта да го продадат сега отколку да си замине во наредното лето како слободен играч. Тренерот, Тибодо и покрај тоа, се надева дека неговата ѕвезда ќе се премисли и дека нема да си замине.

Share.

Leave A Reply