Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер, во многу скоро време ќе го објави потпишувањето на новиот петгодишен договор, кој треба да му донесе заработувачка од 190 милиони долари, ако не се случи размената со друг клуб. Претходно, стана познато дека Батлер побарал од раководството на Минесота да го промени клубот и наскоро се очекува потврда на овие информации.
За 29-годишниот кошаркар се заинтересирани Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс и Бруклин Нетс, но не е познато дали ќе успеат да го ангажираат.
Ако остане во Минесота ќе добие нов 5-годишен договор, а доколку замине во друг тим го очекува договор на 4 години вреден 141 милион долари.