Борусија Дортмунд во моментов е во неизвесност околу состојбата со централниот напаѓач Мичи Батшуај кој беше изнесен на носилка пред крајот на вчерашното дерби со Шалке, кое го загубија со 0:2.
Белгијскиот репрезентативец падна на теренот по дуелот со Бенџамин Стамбули, повредувајќи ја левата нога. Веднаш по натпреварот се појави информација дека веројатно зглобот на Батшуај е скршен, а фудбалерот видливо чувствуваше силна болка уште на самиот терен.
Весникот „Билд“ сепак ги смири навивачите на Борусија, потпирајќи се на информацијата добиена по првите снимки каде се видело дека зглобот не е скршен, но има повреда на лигаментите на зглобот што не е наивна повреда. Точната дијагноза ќе биде објавена денес кога Батшуај ќе ги заврши дополнителните испитувања. Тренерот на Борусија Дортмунд Петер Штегер прогнозираше вчера дека неговиот играч веројатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Постои опасност дека тој може да го пропушти и Светското првенство 2018 во Русија.