Напаѓачот на Борусија (Д), Мичу Батшуај, изјави дека сезоната за него е завршена. Белгиецот доживеа повреда на глуждот на крајот на рурското дерби со Шалке, кој “жолто-црните” го загубија со 2:0.
„Вестите за мене не се добри и веројатно сезоната е завршена. Жалам што нема да можам да одговорам на довербата што Борусија ја има во мене. Ви благодарам за огромната љубов и поддршка која ја добивам. Посакувам се најдобро за своите соиграчи на преостанатите дуели до крајот на сезоната. Ќе се видиме наскоро“, напишал Батшуај на својот Instagram профил.