Батшуаји се сели во Валенсија со позајмица

0

Белгискиот напаѓач од екипата на Челзи, Мичи Батшуаји, одлучи да се пресели во Шпанија , односно во екипата на Валенсија до крајот на сезоната.

24-годишниот голгетер го помина вториот дел од минатата сезона во Борусија Дортмунд, каде што имаше неколку добри игри.

Во договорот кој го потпишува играчот за позајмица со Валенсоја нема опција за откупување. Во 2016 година, Челзи плати 33 милиони фунти на Олимпик Марсеј за неговите права, но не успеа да се избори за место во стартниот состав на Челзи во текот на изминатите две години.

Share.

Leave A Reply