Баумгартлингер останува верен на Баер Леверкузен

0

Фудбалскиот репрезентативец на Австрија, Жулиан Баумгартлингер, го продолжи договорот со елитниот германски клуб Баер Леверкузен до летото во 2021 година, објавија медиумите во неговата татковина.

31-годишниот  играч од средниот ред ја започна четврта сезона кај „фармацевтите“. Тој досега реализирал 90 натпревари за германскиот состав на кои постигнал 1 гол и запишал 4 асистенции.

Баумгартлингер претходно настапувал за  екипите на Минхен 1860, Австрија Виена и Мајнц 05. Тој во месец јули во 2016 година за 4 милиони евра го напушти Мајнц и се пресели на „Бај Арена“.

Share.

Leave A Reply