Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл нема да игра на мечот против Рајо Ваљекано кој се игра вечерва. Велшкиот напаѓач беше изоставен од списокот на играчи за оваа средба поради повредата на зглобот.
На прес-конференцијата вчера, Сантијаго Солари не даде прецизен одговор за тоа дали Бејл е подготвен да игра, чекајќи ги часовите пред натпреварот.
Велшкиот интернационалец има девет гола во шест натпревари против „Пчелите”. Надвор од составот за денешната средба се уште Каземиро, Маријано Дијаз, Начо Фернандез и Серхио Регилон. Натпреварот се игра вечерва од 18.30 часот на „Сантијаго Бернабеу“.