Бејл не размислува за напуштање на Мадрид

0

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, сака до крајот да го одработи договорот со „белите“ иако шпанскиот состав јавно потенцира дека Велшанецот треба да се обиде да пронајде друг клуб.

Додека на некој начин трае тивката војна меѓу брзоногиот фудбале и челниците на тимот вклучувајќи го и тренерот, Зинедин Зидан, кој само инцидентно му дава можност да заигра, неговиот агент, Џонатан Барнет, јасно става до знаење дека Бејл нема намера да ги напушти „кралевите“.

„Тој е презадоволен како му поминува животот во Мадрид. Не гледам причина да се врати во Англија како што велат шпекулациите“ – изјави Барнет.

 

Share.

Leave A Reply