Фудбалскиот состав Тотенхем влезе во битка за напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли, објави денеска – Скај Спорт.
Според потенцираното, „Спарси“ имаат намера да се засилат со 23-годишниот фудбалер од Јамајка за кого Германците сакаат да добијат околу 45 милиони евра. Според одредени информаии и Евертон исто така го пикирал Бејли.
Тој во сезоната 2019/20 одигра 33 натпревари за „фармацевтите“ на кои постигна 7 голови и направи 3 асистенции. Порталот –„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра.