Бекер ќе го распродава имотот

0

Германецот, Борис Бекер, кој се вбројува меѓу легендите на светскиот тенисот се соочува со големи финансиски проблеми бидејќи должи повеќе од 60-ет милиони евра.

Последните информации велат дека Бекер ќе мора да ги стави на аукција неговите недвижности во вредност од 540.000 евра, потоа автомобилот „Порше“ како и мебелот кој е вреден 200.000 евра за да покрие дел од долговите.

Во неговата колекција има скапи часовници чија вредност е 41.000 евра како и трофејите кои ги освои во блескавата 15-ет годишна кариера. Меѓу нив посебно внимание кај купувачите треба да привлечат трите пехари освоени на престижниот турнир на терените на Вимблдон.

Share.

Leave A Reply