Белерин ќе паузира месец, Санчез можеби ќе се врати во составот

0

Десниот бек на Арсенал Ектор Белерин ќе биде надвор од игра за околу еден месец, потврди менаџерот на „топџиите” Арсен Венгер.

Алексис Санчез, кој се опоравува по истегнување на мускулот, сепак има шанса да игра во дербито против Манчестер Јунајтед во саботата.

„Ектор ќе биде во аут за околу четири недели. Тој се повреди во последните 10 секунди на дербито со Тотенхем, кога направи шпага против Роуз. Алексис ни кажа дека е во добра форма. Треба да почекаме и да видиме како ќе биде утре наутро, по што ќе донесеме одлука дали може да биде вклучен во составот. Треба да го процениме ризикот. Казорла сеуште е во аут. Уште не знам колку долго ќе отсуствува, бидејќи тој дури не тренира”, изјави Венгер.

Share.

Leave A Reply