Белерин сака да замине од Арсенал, ПСЖ повторно заинтересиран

0

ПСЖ планира да го обнови интересот за дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белерин, соопшти „CBS Sports“.

Според изворот, Белерин сака нов предизвик во друг клуб. Во врска со ова, некои европски клубови, вклучително и ПСЖ, размислуваат за потпишување договор со играчот во текот на летниот преоден рок.

Ектор Белерин е потекнува од фудбалката школа на Барселона, но Арсенал го купи Шпанецот за 500 илјади евра летото 2011 година на 16-годишна возраст. Неговиот договор со „Топџиите“ е со важност до 30 јуни 2023 година. Во моментов неговата пазарна вредност се проценува на 28 милиони евра.

Оваа сезона од англискиот шампионат, Белерин учествуваше на 22 натпревари, на кои постигна 1 гол и 2 асистенции.

Share.

Leave A Reply