Белгиецот е задоволен од тренинг-сесиите

0

Возачот на Мекларен, Стефан Вандоорн, изјави дека имал успешни тестови пред почетокот на новата сезона во Формула. Тој вчера помина 151 круг вклучувајќи и симулација на трка во попладневната сесија. Според Белгиецот, добро е што проблемите со електорниката кои беа видливи во вторникот, сега не се појавиле.

„Беше добар ден, претпладнето тестиравме многу гуми и бележевме како се движи болидот. Попладнето ја поминавме целата предвидена програма“ -потенцирапше возачот на Мекларен.

„Добро се чувствував во возилото. Очигледно има одредени области во кои мора дa се корегираме и да направиме надградување. Верувам дека во Австралија ќе стартуваме 100 процентно подготвени“ -потенцираше Вандоорн.

 

Share.

Leave A Reply