Белгиецот има потешка повреда

0

Кевин Де Бруин, еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити ќе мора да паузира подолг период откако се повреди за време на репрезентативните активности во изминатиот период.

Белгиецот кој е една од главните ѕвезди во тимот на Пеп Гвардиола, нема да се појави на утрешното дерби со Арсенал во Премиер лигата а најверојатно ќе биде во „аут“ и за мечот против Порто на стартот на новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Тоа го потврди и шпанскиот тренер на клупата на „граѓаните“.

„За жал, останавме без Кевин. Другите играчи се вратија во добра здравствена состојба. Мислам дека Кевин нема да игра неколку натпревари“ – изјави Гвардиола.

 

Share.

Leave A Reply