Белгиецот пружа одлични партии

0

Дрис Мертенс влезе во историјата на Наполи откако на вчерашниот меч со Барселона во ЛШ  го постигна 121. гол и се  изедначи со  Марек Хамшик на врвот кај стрелците. На третото место на вечната ранг-листа е легендата, Диего Марадона.

Белгиецот  пристигна во Неапол во 2013 година а неговиот најдобар ефект  беше во сезоната 2016/2017, кога постигна 34 голови во сите конкуренции. Мертенс има постигнато 121 гол на 310 натпревари за разлика од Хамшик, на кого му требаа 520 дуели.

Договорот на 32-годишниот фудбалер со Наполи истекува на крајот на сезоната и тој најверојатно ќе замине. До тој миг,  ќе има доволно шанси да го подобри рекордот и да стане најуспешниот голгетер во историјата на клубот.

Share.

Leave A Reply