Белоти ќе може да бира каде да оди

0

Фудбалските состави на Рома и на Милан во текот на летото ќе се обидат да го привлечат напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, кој има договор до јуни во 2022 година.

Според наведеното од страна на – „Кориере дело Спорт“, Милан е подготвен да даде околу 25 милиони евра што е далеку од побарувањето на популарните „бикови“. Во исто време и „римската волчица“ се обидува да дојде до потписот на луцидниот голгетер иако најверојатно нема да успее да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Сепак, Белоти неодамна изјави дека има желба да настапува за екипата од Рим.

Share.

Leave A Reply