Светскиот шампион со германскиот национален тим Бенедикт Ховедес ја заврши својата фудбалска кариера.
32-годишниот дефанзивец последен пат играше за Локомотив (Москва), но го раскина договорот со заедничка согласност со клубот минатиот месец.
„Имав понуди од клубови во Германија и во странство, но повеќе не сакав да зависам од одлуките на другите луѓе. Чувствував дека ми треба повеќе време за да се опоравам и решив да ја повлечам линија. Неодамна патував со сопругата и децата во Јужна Франција и бев многу повеќе со семејството и знам дека сакам да бидам многу повеќе со нив “, рече Ховеде во интервју за „Дер Шпигел“.
Ховедес играше за Јувентус, со кој ја освои титулата и купот на Италија, како и за Шалке, каде триумфираше во германскиот куп и Супер куп. За германската репрезентација има одиграно 44 натпревари и постигнато 2 гола. Со Бундестимот ја освои светската титула во 2014 година.