Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, беше незадоволен од судењето на натпреварот од 16 коло на Премиер лигата против Вулверхемптон, кој неговиот тим го загуби дома со 1:2.
Главниот судија во овој дуел Мајк Дин му покажа директен црвен картон на дефанзивецот на Њукасл, Једелин во 57. минута за старт над Диого Жота.
„Нам ни треба ВАР сега. Во оваа игра сè ќе се промени. Како да ја објасниме оваа одлука на судијата“, изјавил Бенитез.