Шпанскиот фудбалски тренер Рафа Бенитез може да го напушти Њукасл и да се пресели на клупата на Челзи, пишуваат денеска медиумите во Англија.
Актулениот тренер на „сините“, Маурицио Сарио набрзо треба да замине во Јувентус а на неговото место според проценките ќе седне Рафа Бенитез кој до крајот на месецов има договор со Њукасл.
Паралелно се наведува дека сегашниот состав на Бенитез ќе добие нов сопственик – Шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан кој најавил дека сака да направи коренити промени во екипата и дека го планира за тренерскиот пост Жозе Мурињо.