Кинескиот фудбалски клуб, Далиан Ифанл, испрати привлечна понуда за менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез. Според англиските медиуми, таа е во висина од 12 милиони фунти годишно.
Договорот на Бенитез со англискиот тим истекува на крајот од месецов но, Шпанецот не се брза повторно да се потпише, чекајќи промена на сопственоста во Њукасл.
Ако Бенитез го прифати предлогот на Далиан, тој ќе стане најскапиот тренер во кинеската Супер лига. Тој ќе го надмине Фабио Канаваро, кој добива 11 милиони годишно.