Актуелниот менаџер на Њукасл, Рафаел Бенитез може да стане нов тренер на Вест Хем, објавија утрово од англиски „Скај Спортс“.
Под водство на шпанскиот стратег Њукасл го освои 10. место во Премиер лигата и остана далеку од опасната зона за испаѓање. Досегашниот менаџер на Вест Хем, Дејвид Мојс, пак, пред еден ден беше отпуштен, што значи дека „чеканите“ се во потрега по ново тренерско решение.
Претходно беше објавено дека управата на клубот ќе одржи разговори со Унаи Емери следната недела.