Бензема е играч на месецот во Ла Лига

0

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е прогласен за најдобар играч во ноември во шпанската Ла Лига. 30-годишниот Французин доби специјална награда од весникот „Марка“, откако минатиот месец постигна еден гол и направи два асистенции во четири натпревари.

Реал Мадрид во ноември славеше над Ваљадолид (2:0), Селта (4:2), Валенсија (2:0), а доживеа пораз од Еибар (0:3).

Оваа сезона, Бензема одигра 21 натпревар за Реал Мадрид и досега постигна 10 гола и 5 асистенции.

Share.

Leave A Reply