Бензема постигна гол против 30-ти различен противник во ЛШ

0

Карим Бензема постигна гол на вчерашниот натпревар против Борусија Менхенглдбах, а со тоа успеа да дојде добројката од 30 клубови против кој успеал да постигне гол во Лигата на шампионите.

Бензема стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да постигне гол против 30 различни екипи во ова натпреварување. Ова досега им успеало само на Лионел Меси, Раул и Кристијано Роналдо.

Сепак Бензема ќе има шанса да ја зголеми оваа бројка бидеќи го очекуваат нови натпревари во Лигата на шампионите, но за да ја зголеми оваа бројка ќе треба Реал Мадрид да игра против екипа со која досега се немаат сретнато.

Share.

Leave A Reply