Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема со двата гола синоќа му помогна на Реал да го победи Кадиз во натпреварот од 31-то коло во Ла Лига на гости со 3:0.
Благодарение на неговите два гола, Бензема влезе во Топ 4 листата на играчи кои постигнале најмалку 20 гола во последните три сезони во најдобрите 5 лиги во Европа. Само Лео Меси, Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски можат да се пофалат со вакво достигнување.