Бердих доби „Вајлд Карта“ за Доха

0

Чешкиот тенисер Томас Бердих доби „Вајлд карта“ за настап на турнирот во Доха, кој ќе се одржи од 31 декември до 6 јануари.

33-годишниот тенисер ја заврши минатата сезона во средината на септемврисо одиграни 22 натпревари, од кои освои само 11. Како резултат на откажувањето на настапот на УС Опен, Бердих за првпат пропушти два Гренд-слем турнири во својата кариера.

Претходно беше објавено дека меѓу учесниците во Доха се и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Австриецот Доминик Тим, Русинот Карен Хачанов, Марко Чекинато од Италија, но и Белгиецот Гофин.

Share.

Leave A Reply