Бердих ја заврши сезоната

0

Томас Бердих е уште еден врвен тенисер кој поради повреда објави дека ќе заврши предвреме сезоната. По Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка, Енди Мареј, Милош Раониќ и Кеј Нишикори, дојде ред и на Чехот да се откаже поради повреда или во неговиот случај поради континуирани проблеми со грбот.

Одлуката не изненадува бидејќи тој во последниве месеци играше далеку од вообичаената форма а последен пат демонстрираше квалитет на терените на „Вимблдон“ кога стигна до полу-финалето.

Тогаш загуби од Роџер Федерер откако во претходното коло го доби мечот со Новак Ѓоковиќ без борба бидејќи Србинот се  откажа поради повреда во рамото

Share.

Leave A Reply