Поранешниот возач во Формула 1, Герхард Бергер, проценува дека младиот Мик кој му е син на легендарниот, Михаел Шумахер, може да дебитира во Формула 1.
„Ми се допаѓа Мик. Тој полека, но, сигурно оди по скалите кон врвот. Мик мора да се бори за секоја титула без разлика на нивото на кое се натпреварува“ – прокоментира Бергер.
„Го гледам во Мик тоа што го гледав и кај Михаел, двајцата се многу слични“ – изјави Австриецот.