Бергеруд- Знаев каде ќе оди топката

0

Селекцијата на Норвешка утре ќе се бори за златото на Светското првенство против домаќинот Франција а големи заслуги за тоа има извонредниот голман, Торбјорн Бергеруд, кој покажува фантастични партии во континуитет.

Тој во вчерашниот полуфинален меч против Хрватска имаше вкупно 16 интервенции а посебно ќе остане запаметена последната од регуларниот дел кога успеа да му одбрани пенал на Златко Хорват и да обезбеди продолженија. Бергеруд вели дека точно знаел каде ќе шутира противникот.

„Тоа беше лудо, чист инстинкт. Кога ја зема топката одлучив на која страна ќе тргнам да бранам. Гледав снимки од неговите пенали и на таа страна многу ретко шутира. Баш поради тоа одбрав да тргнам на таа страна и погодив“ објасни Бергеруд.

 

Share.

Leave A Reply