Беркус: сакам да бидеме изненадување на Мундијалот

0

Најдобриот стрелец на Алжир кој е истакната африканска ракометна ѕвезда, Месуд Беркус, ќе ја предводи неговата селекција на  Светското првенство во ракомет во Египет.

Алжирците беа ставени  во групата Ф заедно со Португалија, Исланд и Мароко . Зборувајќи за веб-страницата Египет 2021, Беркус изјави, дека неговата земја е среќна што конечно се врати со учествот на светските шампионат.

„Последен пат учествувавме во 2015 година. Моите спомени од Египет се убави, јас бев тука со репрезентацијата на Алжир неколку пати а играв и за Замалек. Видов колку нè сакаат Египќаните и многу им благодарам за тоа.Нашата група е тешка,  ние сакаме да бидеме изненадување“ – вели Беркус.

Share.

Leave A Reply