Бернардески тетовираше порака за Астори

0

Играчот од средниот ред на Јувентус Федерико Бернадески тешко ја прифати смртта на неговиот поранешен соиграч во Фиорентина, Давиде Астори.

Фудбалерот на „Старата Дама” како знак на почит и сеќавање на Астори си истетовира порака за ненадејно починатиот Астори и неговиот омилен број 13. Токму со него на грбот Астори ги бранеше боите на Каљари и Фиорентина, каде се спријателиле со Бернадески .

„Би сакал да бидеш тука, ДА 13. Пријатели засекогаш”, напиша Бернадеси и објави фотографија од неговата тетоважа на социјалните мрежи.

Фудбалерот кој беше повреден беше меѓу илјадниците пријатели и колеги на погребот на Астори. Веднаш по веста за смртта на неговиот поранешен соиграч, тој исто така напиша емоционален статус.

„Очите ми се полни со солзи, а срцето скршено. Ти благодарам за пријателството, ќе ми недостасуваш и секогаш ќе те паметам. Ќе се молам за твоето семејство, сопругата и твојата мала принцеза”, напиша Бернадески.

Share.

Leave A Reply