Бешикташ е во напредни преговори со Ливерпул за напаѓачот Даниел Стариџ. Англичанецот не се најде во плановите на менаџерот Јирген Клоп, а минатата сезона беше испратен на позајмица во Вест Бромвич.
Се чини дека тој нема да остане на Енфилд, па турскиот клуб сака да ја искористи можноста да се засили со него за следната сезона. Бешикташ контактираше со агентот на турскиот фудбалер, како и со шефовите на Ливерпул за да преговара за евентуалниот договор.
Засегадвата клуба имаат сериозни разлики. Ливерпул сака 15 милиони евра за правата на Стариџ, додека Бешикташ нуди само 5 милиони евра.