Бешикташ во мисија да ги донесе Хрватите Срна и Манџукиќ

0

Бекот на Шахтјор Дарио Срна може да стане играч на турски Бешикташ. Тимот од Истанбул му понудил на хрватскиот фудбалер едногодишен договор.

Во прилог на ангажманот на Срна, Турците се во обид да го натераат и Марио Манџукиќ да се пресели во нивните редови. Напаѓачот на Јувентус е на размислување да замине од Италија, а Бешикташ е подготвен со добра понуда да го донесе во силниот турски шампионат.

Договорот на Срна со Шахтјор истекува ова лето, што значи дека тој како слободен фудбалер би заминал за Истанбул. Манџукиќ има упте две години од договорот со Јувентус и за него тимот од торино ќе бара солидна сума како обештетување.

Share.

Leave A Reply